Јавно претпријатие за водоснабдување СТУДЕНЧИЦА Кичево

Јавно претпријатие за водоснабдување СТУДЕНЧИЦА Кичево
Изворот и текот на реката Cтуденчица PDF Печати Е-пошта
Изворот „Студенчица“ се наоѓа на источната страна на планината „Бистра“ на надморска висина од 965 метри, 4-5 километри возводно од с.Горни Добреноец, општина Другово. Географската сливна површина на реката „Студенчица“ заклучно до изворот изнесува 22,4 km2, но како и другите извори во ова подрачје, така и изворот „Студенчица“ се прихранува и од соседните сливни подрачја, односно има долги патишта на прихранување. Карактеристично за изворот е што носи студена снежница, поради што и изворот и реката го носат името по студената бистра вода.

Изворот и текот на реката Студенчица


 
Издашност на изворот во месец февруари 2019 година PDF Печати Е-пошта

Издашноста на изворот во текот на месец февруари 2019 година се движеше во граници од 623 литри во секунда како минимална, до 780 литри во секунда како максимална вредност на проток. Средната вредност за месец февруари изнесува 681 литар во секунда.

Средната вредност на водостој на Каптажа изнесува 27,69 сантиметри, максималната 30, додека пак минималната е 26,2 сантиметри.

Измерените податоци за издашноста на изворот и за водостојот во текот на сите месеци од 2019 година може да се видат на оваа табела.

 
МХЕ Добреноец PDF Печати Е-пошта

ЈП Студенчица во јануари 2014 година ја пушти во работа МХЕ Добреноец со инсталирана моќност од 460kW при проток од 300l/s.

Планирано годишно производство на електрична енергија од хидроцентралата: 2.430.000 kWh

Повеќе слики во галерија.

mhe2mhe4

 
Градежна машина JCB 4CX ECO PDF Печати Е-пошта

За потребите на ЈП Студенчица Кичево во текот на 2013 година набавена е комбинирана градежна машина (ровокопач-утоварач) сo додаток плуг за чистење на снег. Набавената машина e од реномираниот британски производител JCB и тоа модел на машина 4CX ECО. Машината работи на дизел гориво има зафатнина на мотор од 4400cm3 и моќност од 81KW.

jcb4

 

Повеќе...
 
Ресертификација на стандардот за менаџмент со квалитет ISO 9001:2008 PDF Печати Е-пошта

Јавното претпријатие за водоснабдување Студенчица Кичево успешно го помина процесот за ресертификација на Системот за менаџмент со квалитет согласно барањата на стандардот ISO 9001:2008. Валидноста на новиот сертификат, издаден од сертификационата куќа MQS - Македонска организација за сертификација и оценување е до 14.09.2018 година.
Со тоа, Јавното претпријатие Студенчица Кичево потврдува дека ги уважува своите корисници, ги разбира нивните  потреби и очекувања, со настојување целосно да се задоволат сите страни.

Повеќе...
 
SCADA систем PDF Печати Е-пошта

SCADA ситемот на ЈП Студенчица Кичево служи за воведување на мерење на сите превземени количини на вода од страна на корисниците на водоводот.

Основни карактеристики на SCADA системот се:

- Автоматско управување со распределбата на вода врз основа на предефинирани протоци и количини во зависност од расположливата количина на вода

- Сигнализации и аларми за разни пореметувања во системот

- Визуелизација на системот и негово целосно пратење од едно место

- Снимање на податоците во бази на податоци и нивна обработка

- Брз проток на информациите

- Видео надзор за мерни станици

- Фотоволтаични системи за мерно регулациони станици

 

Повеќе...
 
Регионален систем за водоснабдување Студенчица PDF Печати Е-пошта

Општо за регионалниот систем за водоснабдување Студенчица

Регионалниот систем за водоснабдување Студенчица е капитален објект на Република Македонија, кој ги зафаќа изворите на реката Студенчица на надморска висина од 965 метри и е димензиониран за проток од 1500 l/s со вкупна должина на главниот цевковод и пропратните објекти од 110 km.

Повеќе...
 
Повеќе Артикли...
<< Почеток < Пред 1 2 Следно > Крај >>

Страница 1 од 2

Кој е онлајн

Има 1 гостин присутни

Пребарувач

Анкета

Дали ви се допаѓа страната?