Издашност на изворот во месец февруари 2018 година Печати

Издашноста на изворот во текот на месец февруари 2018 година се движеше во граници од 919 литри во секунда како минимална, до 4293 литри во секунда како максимална вредност на проток. Средната вредност за месец февруари изнесува 1226 литри во секунда.

Средната вредност на водостој на Каптажа изнесува 37,7 сантиметри, максималната 59, додека пак минималната е 32,8 сантиметри.

Измерените податоци за издашноста на изворот и за водостојот во текот на сите месеци од 2018 година може да се видат на оваа табела.