Јавното претпријатие за водоснабдување „Студенчица“ е формирано од Владата на РМ и стопанисува со Регионалниот водовод Студенчица. Високиот кадар во ЈП Студенчица се грижи за одржување на високо ниво на вршење на дејноста од јавен интерес – водоснабдување на 9 општини и РЕК „Осломеј“.
Наш предизвик и визија: ВИСОКО НИВО НА ДОВЕРБА И ДОЛГОРОЧНА СОРАБОТКА СО КОРИСНИЦИТЕ
За реализирање на својата основна цел, Јавното претпријатие за водоснабдување Студенчица, првенствено се фокусира на задоволството на купувачите и заштита на животната средина и тоа со почитување на следните принципи:
- Целосно документирани процеси на работа со постојано идентификување и отстранување на неусогласености од страна на сите вработени.
- Професионален однос и залагање за задоволството на потребите на корисниците, исполнување на барањата и нивно реализирање во договорените рокови.
- Благовремено и адекватно планирање на сите активности.
- Обезбедување на здрава работна средина и обука за потикнување на свеста на вработените за квалитетно работење.
- Комплетно исполнување и надминување на барањата и очекувањата на корисниците преку примена на најдобра пракса .
- Покренување на иницијатива за развој во водоводниот ситстем.
- Почитување на законските прописи и барањата на државата.
- Високо ниво на професионален однос со добавувачи и со други заинтересирани страни.
- Воспоставен и постојано подобруван систем за менаџмент со квалитет во согласност со барањата на стандардот ИСО 9001:2008 и негово преиспитување на ефикасноста и ефективноста.
- Политиката за квалитет е основана за дефинирање и преиспитување на целите за квалитет согласно барањата на ИСО 9001:2008.
Политиката за квалитет е достапна на јавноста и преставува обврска за сите вработени.
ВАШЕТО ЗАДОВОЛСТВО Е НАША ЦЕЛ И ОДГОВОРНОСТ
|