Јавно претпријатие за водоснабдување СТУДЕНЧИЦА Кичево

ЈП „Студенчица“ Кичево
Ниво на корисникот: / 7
НајлошоНајдобро 

Општо за Јавното претпријатие „Студенчица“

Јавното претпријатие за водоснабдување „Студенчица“ како правен субјект е настанато со статусна промена, делење на ЈП за водоснабдување „Студенчица и Злетовица“ ЦО Скопје, на две Јавни претпријатија со Одлука на Управниот одбор на ЈП за водоснабдување „Студенчица и Злетовица“ ЦО Скопје, донесена на 09.05.2001 година, на која владата на РМ даде согласност со Одлука, донесена на 12.07.2001 година. Со наведената статусна промена, целокупниот капитал и средствата, како и сите права и обврски на ЈП „Студенчица и Злетовица“ Скопје во целост ги превзема ЈП „Студенчица“ Скопје. Дејноста на ЈП „Студенчица“ Кичево е утврдена во горенаведената Одлука: собирање, пречистување и

дистрибуција на вода за пиење и прехрамбена вода, одржување и експлоатација на Регионалниот водовод „Студенчица“ за потребите на делови од 7 Општини и тоа: Кичево, Пласница, Македонски Брод, Долнени, Крушево, Кривогаштани, и Прилеп и технолошка и санитарна вода за потребите на РЕК „Осломеј“. Според Основното решение донесено во јануари 1975, за регионално водоснабдување на Кичево, РЕК „Осломеј“, Македонски Брод, Прилеп и Крушево и населените места со вода од изворот на реката Студенчица, предвидено е на крајот на проектниот период да се водоснабдуваат околу 192.000 жители. На почетокот на 2015 година состојбата со приклучоците на регионалниот водовод е следната:

- вкупно приклучени населени места 65 со 149.923 жители,

- во фаза на приклучок, односно издадена согласност за приклучување на 5 населени места со 827 жители,

- неприклучени: 31 населено место со 8870 жители

Вкупниот збир на приклучени, во фаза на приклучување и неприклучени места изнесува 101, односно 29 населени места повеќе од предвидените со Основното решение т.е. бројот е зголемен за 40%. Населени места кои не се предвидени за водоснабдување од Регионалниот водовод, а се приклучени или имаат добиено согласност за приклучување се:

- 11 места на подрачјето на поранешната Општина Осломеј, поради настанатите проблеми со постоечкиот начин на водоснабдување како последица на позајмиштето на јаглен за РЕК „Осломеј“;

- 1 село на подрачјето на Општина Кичево, приклучено од градската мрежа на Кичево;

- 1 село на подрачјето на поранешната Општина Зајас, заради немање на алтернативни извори и добиена согласност од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство;

- 1 село на подрачјето на поранешната Општина Другово, заради немање на алтернативни извори и добиена согласнот од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство;

- 3 села на подрачјето на поранешната Општина Вранештица, поради немање на алтернативни извори во атарот на селата и релативно малиот број на жители за кои е потребна помала количина од 1l/s;

- 3 села на подрачјето на Општина Македонски Брод, приклучени од градската мрежа на Македонски Брод;

- 3 села на подрачјето на Општина Долнени од истите причини како и претходните 3 села;

- 3 села на подрачјето на Општина Прилеп (приклучени од градската водоводна мрежа) и

- 4 села на подрачјето на Општина Крушево, заради немање на алтернативни извори во атарот на нивните села и релативно малиот број на жители за кои е потребна помала количина од 1.0 l/s ;

 

- Во текот на 2013 година од страна на Владата на РМ, дадена е согласност за дополнување на Статутот на ЈП за водоснабдување Студенчица со нова дејност 11.07 Производство на освежителни пијалаци, производство на минерална вода и друга флаширана вода. (п

- производство на електрична енергија (Изградена и пуштена во употреба во Јануари 2014 година е МХЕ Добреноец со моќност од 460kW, планирани се уште најмалку 2 мали хидроелектрани да се изградат)

- изработка на инвестиционо-техничка документација (во функција на одржување и развој на Системот за водоснабдување)

- број на вработени во ЈП Студенчица: 54

 

Кој е онлајн

Има 22 гости присутни

Пребарувач

Анкета

Дали ви се допаѓа страната?